Омилените бели патики и сите комбинации со нив

17 јули 2018

Патиките се нераскинлив сегмент од урбаната култура. Во уличната мода отсекогаш биле омилени, но интересно е тоа што последниве неколку сезони, тенденциите ги наметнаа како „must have" дури и во варијанти во кои претходно биле незамисливи – на пример во деловен имиџ или во гламурозен изглед.

Но, модата е жива материја и постојано добива нова димензија на различни нивоа. Па така, сега носиме патики секаде и во секоја комбинација.

Дури и повеќето етаблирани модни брендови дизајнираат специјални луксузни линии патики, изработени од префинети материјли и украсени со скапоцени камења.

Универзално омилен модел се едноставните, бели патики – поради леснотијата со која може да ги комбинираме во различни изгледи.

Изгледаат одлично во монохорматски деловен стајлинг, а исто толку шик се и во комбинација со здолниште на преклоп и женствен топ од тантела.

Се разбира комбинацијата патики и џинс е безвременска, па во актуелната улична мода ќе наидете на бројни примери како да ги споите.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.506 пати