Омилените чевли со панделка доаѓаат во нови бои

20 јули 2018

Овие чевли дефинитивно се на врвот на листата најпосакувани додатоци на сите шик девојки, па веројатно ќе се израдувате кога ќе дознаете дека сега доаѓаат во нови бои.

Скандинавскиот бренд Ganni има нова колекција во која смести модели од прекрасните чевли на ниска потпетица украсени со панделки во прекрасни бои.

Новото издание на овие чевли со сигурност повторно ќе бидат вистински хит низ улиците, поради нивната впечатливост и тоа што се одлични во секоја комбинација.

Овојпат, брендот ни ги понуди во јака црвена нијанса, впечатлива сина и едни со змиски принт кои се совршени во комбинација со елегантен црн фустан.

Ако пред вас е некоја посебна пригода каде сакате да оставите особен впечаток, тогаш ова се вистинските чевли за вас.

Извор и фото: Journal.hr

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
483 пати