Омилените очила за сонце на холивудските ѕвезди

10 јуни 2013

Рачно изработените очила за сонце Тиери Ласру се вистински хит кај светските трендсетерки. Овие модни аксесоари се приоритетен избор во листата на бројни ѕвезди како Мадона, Ријана, Ева Мендес, Дита фон Тис, Џесика Алба, Александра Амброзио, Хилари Даф, Линдзи Лохан, Парис Хилтон, Никол Ричи, Ен Хатавеј, Алиша Кис...

 

 

Популарните  Тиери Ласру често може да ги видиме на страниците на најзначајните интернационални модни списанија како: Вог, Ел, Мери Клар, ТинВог, ИнСтајл....

Тиери Ласру може да се пофали со соработката со една во моментов планетарно позната модна икона Мирослава Дума. Моделот Anorexxxy 247  и е посветен токму неа, и е изработен ограничен број од само 247 примероци.

 

 

Овој дизајнер својот бренд го лансираше во 2006 година, а светот остана воодушевен од енергијата која ја вметна во дизајнирањето на очилата за сонце, базиран на футуристичкиот винтиџ концепт.

 

 

Препознатливите рамки  имаат облик на буквата „У“ која се среќава и во името и во презимето на самиот дизајнер. Па поради тој факт и имињата на колекциите ја содржат оваа буква во своето име па имаме: Attracty, Lively, Abusy .

 

 

Објавено:
10 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци