Пред неколку сезони, патиките заземаа статус на задолжително парче и тоа не само кога се работи за спортски аутфит, туку во секојдневниот стил.

Нивниот моден статус оди до таму што девојките ги комбинираат дури и во своите вечерни стајлинзи, со мини здолништа или плисирани фустани.

Деловните, модно освестени дами, немаат проблем да ги имплементираат и во нивните бизнис аутфити, со класични панталони и кошула.

Сите ние имаме една заедничка модна љубов: патики во сите можни варијанти (во нежни пастелни бои, украсени со крзно, во глитер-светкави варијанти, на платформа...)

Еве ги омилените за оваа пролет:

 

Објавено:
24 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.856 пати