Осум совети како да го одберете најдобриот градник

26 октомври 2016

Ако сте една од оние 80 проценти жени кои носат погрешен број на градник и постојано се борите со избор на вистинска корпа време е да научите како да го изберете вистинскиот.

1.За вистинска величина го мерите најтесниот дел од градниот кош 

Најчестата грешка која се прави е преголемата величина  и малите корпи кога го бирате вашиот градник. Кога влегувате во продавница секогаш го гледате она што ќе ви фати око, а не тоа што навистина ќе ви заврши работа. Затоа метрото во раце и измерете го најтесниот дел, не на градите туку точно на градниот кош и на тој начин ќе го добиете вистинскиот број кој ќе ви прилега. Метрото не треба да го држите лабаво, односно ако на пример сте измериле 83, тогаш вашиот број е 85.  

2. Малку математика за избор на корпа која ви одговара 

Откако го измеривте градниот кош и конечно ја откривте вашата вистинска големина, време е за корпата. Тајната е во тоа што тие мора совршено да прилегаат и не треба да бидат ниту премали ниту преголеми. Баш како чевличето на Пепелашка. Ако имате проблем со корпата на вашиот градник тогаш сигурно припаѓате на оние 80 проценти кои носат погрешен број и најверојатно носите мала корпа. Повторно метрото во раце и сега треба да го измерите опсегот на вашите гради во иста линија со вашите брадавици, повторно внимателно да е се во иста линија и напред и позади. Сега веќе имате две мерки, онаа од напред и онаа од позади. На пример, ако имате мерка на гради 90, а мерка на граден кош 75, тогаш вашата корпа треба да е Б.  

Разлика во опсег                    Големина на корпа

10 cm                                               A 

15 cm                                               B 

17,5                                                  C 

20 cm                                               D 

22,5 cm                                            E  

Оваа табела секако ќе ја земете в предвид само како еден вид рамка, затоа што секој производител на долна облека има различни големини. Запаметете дека на поголеми гради не прилегаат корпи со големина А и Б и не се срамете да побарате и поголеми величини Д или Е, најверојатно тие ќе бидат и најдобар избор за вас .  

3. Надарените, раце горе! 

Секоја „надарена“ жена добро знае дека потрагата по вистински градник е напорна задача. На овие жени им се препорачува да ги кренат високо рацете нагоре и ако се остане на свое место без никакво „испаѓање“ или „прелевање“ тогаш го имате вистинскиот број. 

5. И оние со мали гради треба да носат градник 

Малечките жени со мали гради би требало да побараат градник со засцврстени корпи, иако тие во суштина немаат потреба од такво нешто, но поради нагласување на силуетата е корисно.  

6.Ако имате додадено или намалено 5 до 6 килограми, менувајте градник 

Ако во последно време ви варира тежината околу 5 килограми, тогаш е време за нов градник. Кога ќе видите дека постои потреба за промена на вашиот конфекциски број, тогаш треба да си купите нов градник.  

7. Минимум треба да имате три градници  

Возможно е да го имате пронајдено вашиот совршен градник и веројатно многу сакате да го носите, но запаметете дека не треба да го носите во сите прилики. Добро размислете за вашите животни навики и како ја прилагодувате својата гардероба. Колку градници треба да има една жена? Минимум три кои нудат потпора, а покрај овие три ви треба еден без прерамки како и еден за спорт. Играјте си со бои, дезени, памук, сатен или тантела. 

8. Не штедете 

Ова е можеби најдобриот совет кој може да го прифатите имајќи ја во предвид онаа стара шкотска „не си толку богат за да купуваш ефтино“, па така немојте ни вие.

Објавено:
26 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.029 пати