Освежување од H&M – нова колекција костими за капење

4 август 2017

Доколку ви претстои годишниот летен одмор и се подготвувате за плажа, H&M има нова колекција костими за капење вредни за внимание.

Шведскиот гигант постојано нè освежува со нови мини колекции, а последен новитет е линијата костими за капење со богат избор на модели, како во кројот, така и во однос на дезените, боите принтовите.

Подеднакво се застапени и едноделните и дводелните костими, модернистички, тренди, но и такви со ретро шарм. Интересен е и изборот на асиметрични модели со прерамка на едното рамо, како и на оние суптилно декорирани со карнери.

Објавено:
4 август 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
807 пати