2015-Mercedes-Benz-S-Class-Coupe

Новиот мерцедес С-купе има пет метри во должина, но и Сваровски кристали на фаровите.

На Саемот на автомобили во Женева кој ќе се одржи следниот месец, покрај останатите модели ќе биде претставен и новиот „Мерцедес С купе“ за кој велат дека одзема здив, и тоа пред се со својата елегантна линија.

Внатрешноста е луксузно опремена, се водело сметка за секој детаљ, има врвни перформанси, но има и додаток што ниту еден друг автомобил го нема. Се работи за 47 Сваровски кристали на предните фарови.

Во продажба ќе се најде во втората половина на годината, а која ќе биде цената и колку овој додаток ќе придонесе за тоа, се уште не се знае.

2015 S-Class Coupe

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци