Со доаѓањето на пролетта и првите прекрасни сончеви денови, инспирацијата за стилски комбинации и уникатен накит е поголема од било кога.

Ако погледнеме низ продавниците, ќе видиме дека оваа сезона брендовите нудат неодоливи парчиња накит со уникатни морски мотиви.

Иако до летото има уште малку време, сега е вистински момент да почнеме да се подготвуваме за сите можни комбинации што можеме да ги носиме и начинот на кој дополнително ќе ги украсиме.

Популарните брендови за накит создадоа неодоливи, навидум едноставни парчиња кои ги украсија со приврзоци како морски ѕвезди, школки, полжави, бисери и што уште не.

Основата на сите е претежно во златни нијанси, но има и детали во сина боја, а без разлика на тоа што ќе одберете, ќе бидете навистина уникатна.

Носете ги со стилски бели парчиња, со лелеави колоритни фустани, со женски елегантни костими и издвојте се од толпата!

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
28 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
307 пати