Ако сте обожавател на накит, тогаш ова лето е како создадено за вас. Вистински хит топлава сезона се големите и впечатливи обетки, украсени со мониста, реси, разни колоритни детали и што уште не.

Овие обетки се идеални за топлите денови, благодарение на нивниот колорит со кој дополнително ќе ви ги разубават деновите.

Одлични се за украсување на било која комбинација, а со нив ќе го привлечете и сето внимание каде и да се појавите.

Ова лето одберете вакви впечатливи обетки со храбар дизајн и раскошни додатоци, а истите можете да ги најдете во било која продавница за накит со оглед на нивната популарност.

Во галеријата погледнете некои од највпечатливите модели за оваа сезона.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
9 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
454 пати