Ова се дизајнерските чанти што ќе ја одбележат есента

4 септември 2015

Американскиот дизајнер Џозеф Алтузара во јули ја претстави својата прва колекција чанти најавени уште во февруари, а од приложеното, навистина имаше што да чекаме.

Во неговата колекција тој претстави два модели на чанти од кои едниот за дневни потреби, а другиот за вечерни излегувања. Само еден поглед на неговите модели и веќе знаеме дека тие ќе бидат вистински хит кај трендсетерките оваа сезона.

Покрај Алтузара, одлични чанти без кои знаеме дека нема да можат познатите девојки, се оние на Алесандро Мишел кој ја претстави првата колекција за Гучи. Чантичката Дионисис што тој ја дизајнираше во рамки на есен/зима колекцијата, стана голем хит за релативно кратко време. Од познатите дами, можевме да ја видиме кај Селма Хаек, Дакота Џонсон, Роси Хантингтон Вајтли и уште многу други. Покрај класичната, Дионисис доаѓа во уште девет различни варијанти на бои со прекрасен цветен принт, но и со детали како пчели, птици, змии...

Моделот Дора Малетаж на Луј Витон досега го испробаа Наталија Водјанова и Ана Винтур, а повеќе од сигурно е дека ќе ја видиме уште кај многу други познати девојки. Овој модел можете да го најдете во класична варијанта со добро познатото лого на брендот, но и во уште неколку верзии.

Кога се чантите во прашање, возбудлива есен најавува и омилениот шпански бренд Loewe од каде доаѓа моделот на нивната легендарна Puzzle чантичка во нежни розови тонови. 

Објавено:
4 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.066 пати