Веројатно на социјалните мрежи следите барем некоја од светски познатите блогерки кои сезонава шармантните комбинации сакаат да ги комбинираат со рамни чевли.

Без разлика дали носат некое шармантно лелеаво фустанче или пак комбинација од шик фармерки и впечатлива кошулка со карнери, девојките ширум светот ѝ се препуштија на удобноста на рамните чевли.

Она што денеска е добро е тоа што можете да ги најдете во разни форми, бои и модели, а речиси секој чифт е подеднакво добар како што тоа некогаш беше случај со задолжителните потпетици.

Воопшто не двоумете се и ако пред вас е некоја свечена пригода за која сметате дека совршениот долг фустан мора да го комбинирате со високи потпетици, бидејќи тоа повеќе не е случај.

Популарните светски брендови како Гучи, Миу Миу и уште многу други сезонава претставија навистина интересни и впечатливи модели на рамни чевли, а зад нив не заостанаа ниту познатите high street брендови.

Сезонава нема да погрешите ако одберете рамни чевли со врвки, едноставни балетанки, чевли со ниска потпетица, влечки со украси, сандали со впечатлив брош на средината, но и чевли со врвки кои се како создадени за ова преодно време.

Пролетва целосно препуштете и се на удобноста на рамните чевли од кои нема да сакате да се ослободите никогаш.

Објавено:
10 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.376 пати