Ова се најпопуларните очила за сонце за топлата сезона!

17 март 2017

Ако сѐ уште не си набавивте очила за сонце за сончевата сезона што е пред нас, тогаш во овој текст дефинитивно ќе пронајдете инспирација.

Добрите очила за сонце можат да му дадат сосема поинаква димензија на секој ваш стајлинг, но секогаш при изборот мора да внимавате на формата на вашето лице.

Класичните Реј Бан очила или оние авијатичарските им прилегаат на најголем број луѓе, па нема да згрешите доколку имате и еден ваков модел во вашата колекција.

Иако секоја сезона се повторуваат овие безвременски модели, секогаш има некој нов тренд кој носи нови парчиња со себе.

Трендот на кружните очила започна некаде минатата година, но се чини продолжува и оваа судејќи според фотографиите на социјалните мрежи.

Покрај кружните облици, мачкастите и волуменозните очила за сонце се повторно ин и оваа сезона што допрва доаѓа и се меѓу водечките трендови.

Погледнете ја галеријата погоре и одберете го вашиот фаворит очила за сонце, но секогаш запомнете дека мора да го одберете обликот што вистински ќе ви прилега.

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.313 пати