Салонките се дефинитивно едно од омилените парчиња на дамите, а оваа сезона Баленсијага ги имаат најдобрите!

Девојките на социјалните мрежи постојано објавуваат фотографии со овие чевли кои може да ги комбинирате буквално со што и да посакате.

Брендот отсекогаш во својата понуда има неверојатни модели, но сезонава се чини ги има најдобрите.

За овие чевли веќе има листа на чекање, а социјалната мрежа Инстаграм е преполна со фотографии од истите кои девојките ги обожаваат.

Ова се дефинитивно чевлите на сезоната, а во галеријата погоре погледнете како девојките ги комбинираат оваа есен и останатите модели од оваа линија.

Објавено:
22 октомври 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.393 пати