Ова се најслатките аксесоари со потписот на Шанел

15 септември 2014

Можеби не се за јадење, но со ист апетит ќе ги посакате од вашата колекција накит и чанти. Шанел не само од креациите својата инвентивност постојано ја трасира во насока на необичното. Токму такви се и најновите аксесоари кои го носат името „Chanel Candy“.  Од понудата се најдоа чанти во форма на амбалажа за гуми за џвакање, чија транспарентна внатрешност е исполнета со шарени бонбони.

 

Покрај трите модели на клач чантички, тука е и накитот кој не навраќа во детството, кога носевме слични ѓердани и алки.

Се на сè, и повеќе од јасно е дека оваа слатка колекција ќе ги освои модните блогерки, трендсетерки, како и тинејџерките. Шанел со својата јасно поставена цел означија поширок таргет кој ќе гарантира продажба.

 

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци