Ова се новите ИТ патики за претстојната сезона!

22 јануари 2015

Веруваме дека кога ќе се споменеме името на дизајнерката Изабел Марант веднаш ви текнува на патиките со полна пета што беа синоним за вистински успех и од кои девојките не можеа да се одделат долго време.

На почетокот на новата година, дизајнерката ги израдува нејзините обожавателки со новите ИТ патики по кои полудеа сите светски трендсетерки.

Станува збор за модел патики што е многу попрактичен и поедноставен од оној што се продаде за рекордно време пред цели четири години.

Патиките за кои сме сигурни дека допрва ќе ги гледаме, се целосно рамни со бел ѓон, а површината им е направена од висококвалитетна кожа со леопард принт.

Она што е особено позитивно кај овие шик патики, е фактот што иако истите се со леопардов принт, можат многу лесно да се комбинираат.

Веднаш по лансирањето на моделот, истите можевме да ги видиме на Ема Робертс, Дакота Џонсон, Роси Хантингтон Вајтли и уште многу други тренди девојки.

Токму овој ѕвезден момент, резултираше со рекордна распродажба на истите на првичната веб страница каде се продаваа, па затоа сега се бараат и нови алтернативи.

Она што дефинитивно ги израдува сите, е информацијата дека дизајнерката многу наскоро планира да лансира нови верзии патики на овој модел.

Ние дефинитивно доживеавме љубов на прв поглед, каков е случајот со вас?

Објавено:
22 јануари 2015
Категорија: 
Модни додатоци