Ова се новите најдобри „пријателки“ на светските трендсетерки!

3 ноември 2014

Брендот што некогаш беше обожуван и од принцезата Грејс Кели, денеска повторно ги освојува девојките ширум светот.

Марк Крос е бренд кој што всушност потекнува од далечната 1845 – та година, а неговите сопственици Сара и Гералд Марфи беа всушност и најголемата инспирација за книгата „Ноќта е блага“ на Скот Ф. Фицералд и блиски пријатели на Ернест Хемингвеј.

 

Нивните чанти биле обожувани од големата Грејс Кели, а откако куќата беше затворена во 1997 – та година, брендот се враќа на сцената во 2010 година.

 

Во нивните модели се заљубија познатите трендсетерки како Алекса Чанг, блогерката Леандра Медин и стилистката Кејт Фоли, а тие навистина имаат што да понудат.

 

Дефинитивно најпозната и најпосакувана од сите е нивната фантастична Grace Box и Scottie чантичка која е вистинско олицетворение на дамска елеганција.

 

Првата пак, е во форма на мало слатко куферче и може да се купи во неколку прекрасни бои, но и животински дезени. Тие се омилени на девојките ширум светот бидејќи навистина и прилегаат на секоја комбинација, а истовремено се и толку урбани и модерни!

 

Во продолжение, погледнете некои од најубавите модели и како познатите девојки ги комбинираат истите.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци