Ова се новите омилени патики од Изабел Марант

17 август 2015

За дизајнерката Изабел Марант се смета дека е една од најзаслужните за враќањето на патиките во модниот фокус. Спортско-елегантните патики со скриена висока пета беа неверојатен хит, кој доживеа и многу копии, а  дизајнерката сега повторно нè изненадува со нов модел.

Се работи за колекција насловена како Еtoile, која се базира на минимализам, што пак според Марант е хит број еден во модниот свет. За сега е презентиран моделот Bessy, изработен од кожа, а доаѓа во три комбинации – бела, црна и колор блок, со комбинација од сина и црвена.

Цената изнесува 380 евра.  Дали Изабел Марант уште еднаш успеа да погоди право во центарот кога е вкусот на купувачите во прашање, останува да видиме.

Објавено:
17 август 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
901 пати