Ги обожаваме затоа што се практични, естетски, шарени, лесно може да ги прилагодиме на различни аутфити, а при тоа кожата лесно дише... Платнените патики со шарени дизајни и дезени се ултимативен пролетен хит во уличната мода, а ги носат луѓе од различни профили: од спортисти до деловни дами.

А причината е што платнените патики нудат можности за безброј иновативни комбинации, од класичен спортски изглед што вклучува тренерки + патики, една од најактуелните комбинации искинат џинс + патики, па се до макси романтични фустани + патики.

Веќе неколку сезони наназад, на светските модни писти голем дел од дизајнерите високите потпетици ги заменуваат токму со различни естетизирани варијанти на патики и нудат идеи како може и практичниот и удобен изглед истовремено да биде софистициран и елегантен.

 

Објавено:
26 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.209 пати