Кога ја погледнавте првата фотографија најверојатно прво на што се сетивте е колку многу ги сакавме овие ѓердани во нашето детство.

Тогаш, сами си ги украсувавме на едноставна врвка и секогаш кога ги носевме се чувствувавме како да сме на летен одмор.

Токму овие ѓердани со школки како украс повторно се враќаат на голема врата, овојпат во подобра верзија од кога и да е.

Иако до летото има уште неколку месеци, овие детали се совршен начин да ги најавиме топлите летни безгрижни денови.

Кога ги носите, се чувствувате како да сте на некоја плажа која толку долго ја посакувавте. Девојките оваа сезона се вљубени во ѓерданите со златни школки, но секако не заборавија ниту на класичните со бели школки.

Комбинирајте ги со омилените бели фустани и тексас јакни во овој период, но и со џинс и маички на куси ракави за шик изглед.

Погледнете ги нашите фаворити.

Инфо и фото: Bonjour.ba, Amazon, Pinterest

Објавено:
16 април 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
796 пати