Оваа студена сезона сите носат црвени чизми

31 октомври 2016

Иако овие чизми беа хит пред неколку сезони, се чини трендот повторно се враќа на голема врата.

Црвените чизми беа дел од голем број колекции на светски познатите дизајнери, а од писта, веднаш можевме да ги видиме во комбинациите на девојките ширум светот.

Како и секогаш, познатите high street брендови повторно си ја завршија работата и лансираа црвени чизми и во нивните колекции по пристапни цени.

Она што ги прави овие чизми едни од најпосакуваните сезонава е тоа што се навистина впечатливи и доволни да ја украсат секоја ваша комбинација.

Моделот на најпосакуваните чизми сезонава доаѓа во разни варијанти, но омилени се оние до глужд на висока потпетица.

Што се однесува до материјалите, чизмите можете да ги набавите во кожена варијанта, превртена кожа како и лакирани, едноставни или украсени со ѕвезди и други апликации.

Комбинациите со овие неодоливи црвени чизми може да бидат бесконечни – од едноставни џемперчиња со фармерки, па сѐ до шик фустани со капути.

Познатите блогерки обожаваат да ги носат со slip фустани комбинирани со блузички одоздола, со парчиња во неутрални бои како едни од најголемите сојузници на црвените нијанси, но и со многу други неочекувани парчиња.

Објавено:
31 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.089 пати