Култниот моден аксесоар во имиџот на една жена што неретко е одраз и на нејзиниот карактер и животен стил е: чантата. Во женскиот плакар се застапени буквално сите форми, големини, дезени и бои, зашто едноставно чантите се во нераскинлива врска со женствениот изглед пред се поради нивната практична, а потоа и естетска функција.

 

Ако им веруваме на мислењата на професионалците кои се занимаваат со оваа тематика, креативните жени најчесто носат големи торби, мини чанти најчесто се вклопуваат во стилот на егоцентричните жени, а оние дами кои носат чанти со средна големина, според таквите мислења, се жени кои секогаш се спремни на се’ и ништо не може да ги изненади.

 

Независно од овие анализи, едно е сигурно: чантите се неизбежно присутни во секојдневието на секоја жена. Оваа сезона особено актуелни се чантите со реси, мини ранците, чантите со глорални принтови и дезени како и оние во пастелни бои.По тој повод, ве инспирираме со неколку различни верзии на модерни чанти кои сигурно ќе се прилагодат во стилот на жените со различен сензибилитет.

 

 

 

Објавено:
3 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци