Откако Фрида Џанини го напушти Гучи, сите обожаватели на модната куќа трпеливо чекаа да видат со какви колекции ќе ги почести нејзиниот заменик Алесандро Мишел.

Новиот креативен директор на модната куќа се чини заврши одлична работа, бидејќи уште отсега, има големи најави за Гучи инвазија оваа есен.

На прво место дефинитивно се Гучи мокасините со крзно, кои доаѓаат во неколку модели и за кои многумина ќе речат дека се совршен избор за есенските денови.

На социјалната мрежа Инстаграм трендсетерите веќе почнаа да објавуваат фотографии токму со овие чевли, под кои стилистката Барбара Мартело напиша: Можеби е претопло да ги носам, но што да правам, сега се мои!

Новите модели чевли со крзно „Princeton“ се изработени од висококвалитетна кожа и украсени се со препознатливите Гучи шноли во предниот дел.

Она што ги прави интересни и посакувани, е крзното во боја на песок со кое чевлите се поставени одоздола.

Регуларните модели чинат околу 900 долари, а за моделите од крокодилска кожа ќе мора да издвоите околу 2.500 долари.

Објавено:
25 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.125 пати