Parfois има одлична летна колекција за сите „трагачи по сонцето“

1 јуни 2018

Летото е на прагот, а со тоа сè попривлечна станува идејата деновите да ги минуваме на сонце. Имајќи го ова в предвид, тимот на Parfois дизајнираше колекција со која летните денови стануваат уште повозбудливи.

Сламени визори и чанти, туники од лесен материјал и пешкири за плажа – колекцијата "Трагачи по Сонцето" нуди совршени можности за стајлинг во сезоната која доаѓа.

Иако колекцијата е предвидена за деновите поминати на плажа, овие парчиња се одлични и за секојдневните активности во градот. Носете туники во комбинација со фармерки за лежерен, урбан стил, а чантите нека бидат дополнување дури и на посвечените фустани. Визорите кои беа тренд во 90-тите и најчесто се носат за спортување, се повторно тука! Одличен додаток за оние кои сакаат релаксиран, спортски, но трендовски изглед.

Нашето летно мото е Трагачи по Сонцето, а оваа колекција комбинира имиџи од лето поминато на сонце и парчиња без кои нема да сакате да ја поминете сезоната. Топла и модерна палета на бои, со која ќе го најдете "своето место под сонцето" и ќе уживате во летото.

Спонзорирана објава

Објавено:
1 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.085 пати