Португалскиот моден бренд во кој сме вљубени години наназад, Parfois, има нова колекција за следната пролет која знаеме дека ќе ја обожавате.

За следната топла сезона која едвај ја чекаме, тимот дизајнери на брендот предлага неодоливи модни додатоци на кои повторно аплицираа детали од флора и фауна во комбинација со минимализам.

Сите апликации што се поставени на додатоците, се инспирација од самата пролет и младешката свежина што доаѓа со неа.

Што се однесува до боите, брендот за следната пролет предлага пастелна, зелена, црвена нијанса и малку потемни тонови, но такви што секогаш повикуваат на задоволство и среќа.

Во однос на материјалите, како и секогаш брендот употреби бакар, сребро, ефекти на крокодилска кожа, но и лесни текстури украсени со метални детали за совршен минимализам.

Погледнете го едиторијалот снимен за промоција на новата, пролетна колекција за 2017 на брендот.  

 

Објавено:
22 декември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
798 пати