Недефинираноста е моја дефиниција – кампањата на Parfois мотивира размислување за етикетите кои (си) ги ставаме во текот на животот.

Новата кампања на брендот за пролет/лето 2018 е инспирирана од постојаната потрага по суштината на Parfois жената. Модерна визија на светот и на тоа што значи да се биде жена, оваа кампања се труди да ги сруши границите и да го следи концептот на слобода и сила, во време на однапред дефинирани идеи и генерализации кои нè ограничуваат.

Оваа сезона брендот се стреми кон рушење на стереотипите и традициите преку фотографската леќа на Родриго Кармуега, користејќи едно од најголемите пристаништа во Португалија како позадина за фотографиите и видеото на кампањата.

Брит Вандерворт е главниот модел во кампањата и претставува жена која е уникатна и своја преку деконтекстуелизација и рушење на границите (социјални, морални, стилски...), кои во минатото одредувале каде, кога и како може да се биде жена. Во оваа кампања таа им дава ново значење на секојдневните предмети и ситуации и ги става во нова употреба во зависност од нејзините желби, без разлика што ќе кажат другите.

Оваа жена создава нов, специфичен и уникатен свет околу себе, спојувајќи ги чудните и прекрасните елементи: комбинација на минатото и сегашноста, уметноста и природата, спортот и софистицираноста. Овој начин на експериментално претставување на нештата го наоѓа своето место и во колекцијата на Parfois за пролет/лето 2018. Таа ни носи неочекувани комбинации, спој на стилови кои претставуваат еклектична верзоја на светот и на модата.

Стилови кои се сосема различни – уметнички и етно, се сплотуваат и носат посебна живост во парчињата кои ќе ги носиме во текот на целата сезона. Додатоците и етно мотивите на ранците и чантите им даваат кул изглед на минималистичките и едноставни парчиња, а земјените бои се комбинираат со тропски инспирирани принтови. Практични додатоци како чанти, ранци и бомбер јакни се комбинираат со поелегантни чевли или сандали на високи потпетици; парчиња направени од лесни материјали се во контраст со широки, тексас јакни. Идејата е секој да се чувствува слободен да создаде свој стил и да експериментира со парчињата облека или додатоци, во зависност од ситуацијата.

Впрочем, најнеочекуваните комбинации може да резултираат во највпечатлив изглед, а модерниот свет е место каде секој има можност да го креира својот изглед на сопствен уникатен начин.

Погледнете ја целосната колекција во продолжение:

 

*спонзорирана објава

Објавено:
10 јануари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.258 пати