Со првите зраци на сонцето, на модната сцена се појавија и првите трендови за сезоната што сите толку многу ја очекуваме. Доколку сте љубител на патики, ова ќе биде вест што многу ќе ве интересира.

Без разлика дали станува збор за спортски или лежерни модели, оваа пролет е сигурно дека сите тие ќе бидат во пастелни нијанси.

Голем број од светски познатите дизајнери, па и high street брендовите во своите нови колекции сместија патики во нежна сина, розова, светла виолетова, ментол, жолта и „праска“ боја кои девојките почнуваат да ги обожаваат.

Некои од брендовите претставија и модели од превртена кожа во нежна боја на лаванда кои за многу кратко време станаа вистински хит кај девојките кои постојано ги објавуваат на социјалните мрежи.

Подеднакво интересни и прекрасни се и моделите од големите брендови како Адидас, Најк и Пума кои сезонава нудат навистина огромен избор на пастелни нијанси на патики.

Секако, за оние кои се вечни романтичарки, модните куќи како Валентино и Долче и Габана понудија навистина слатки и нежни модели украсени со тантела и детали во пастелни бои, а кои се истовремено супер удобни.

Доколку сѐ уште не сте го направиле пролетниот шопинг, тогаш задолжително ставете и некој од овие модели патики на вашата листа.

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
500 пати