Патики и во зима - Sport Vision и Adidas ги имаат совршените модели за сезонава

3 декември 2019

Со почетокот на новиот месец ни дојде и постуденото време. Доколку сте од оние што преферираат удобност и би сакале да носат патики во текот на целата година, па дури и кога сите преферираат чизми, но сè уште не сте го нашле совршениот пар, тогаш ова е текстот за вас.

Дождот, снегот и зимските услови генерално не се проблем доколку ги имате совршени патики.

Од Sport Vision имаат неколку предлози за идеални зимски обувки и тоа од брендот Adidas.

TERREX SWIFT R2 MID GTX W – совршени за секој дел од денот

-Движете се брзо и лесно со новите TERREX SWIFT R2 MID GTX W на Adidas. Преминете ги сите планини со женскиот TERREX модел а воедно и останете суви поради самиот дизајн кој е направен да се справи со сите надворешни услови. Иако оваа обувка првично е испланирана како чизма за планинарење, нема да погрешите ако ја искомбинирате во сосема друг естетски и моден контекст. Без разлика дали се работи за секојдневна комбинација со која може да одите на работа, на училиште, на кафе, или пак спортска комбинација – за планинарење со пријателите или пак сакате да истрчате неколку километри на блискиот кеј или планина.

TERREX TRACEROCKER GTX – сигурност и самодоверба при движењето

-За посилниот пол ја избравме новата TERREX TRACEROCKER GTX на Аdidas. Овој модел е одлична поддршка за сите оние кои сакаат да истражуваат, во различни временски услови. Самиот дизајн дозволува ногата да дише и да не пропушта вода, а ѓонот е така дизајниран да се прилагодува на најразлични груби површини како карпи, камења и груби површини. Поради ваквиот дизајн, самата обувка ви дава самодоверба и сигурност да истражувате уште повеќе.

Аdidas Kanadian Trail  - удобност при секој чекор

Впуштете се во нови авантури со одличните Аdidas Kanadian Trail патики. Изработени се од цврста ткаенина, со синтетичка подлога која го поддржува вашето движење. Патиките преку одличната изработка ви овозможуваат удобност при секој чекор, а грубата надворешна страна овозможува да го задржите својот чекор на нерамномерниот терен.



Овие модели и повеќе информации за истите можете да ги најдете во продавниците на Sport Vision.

 

*Комерцијална објава

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.505 пати