Не мора да сте моден инсјадер или некој што будно ја следи модната сцена, за да забележите дека оваа сезона патики се носат во секоја прилика и секоја комбинација. Едноставно се неизбежни.

Модата е игра во која правилата честопати се менуваат, а некогаш се наметнуваат тенденции кои можеби до вчера биле „неприфатливи".

„Патики во секоја прилика" отвора дискусија во модниот свет, но она во што сите се сложуваат е дека се еден од најизвиканите трендови сезонава, со особен акцент на т.н „ugly sneakers" што често ќе ги сретнете во уличната мода.

Комбинирани се подеднакво често и во спортски, кежуал, но и во елегантен или деловен изглед. Па, не е за изненадување ако низ фотографиите од познатите модни блогерки сретнете комбинација на елегантен, макси фустан со патики или деловен, дводелен костум со „старки".

Еве какви инвентивни аутфити ќе сретнете низ фото галериите од актуелната улична мода...

 

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
8.075 пати