Патиките имаат култен статус во уличната мода

26 јуни 2018

Периодов во модниот свет се актуелни модните недели посветени на машката мода. Неодамна, Париз беше домаќин на модниот караван, што со себе ги донесе и најстилските гости што ги преплавија неговите улици со бран на урбан, неконвенционален, личен и шаренолик стил.

Но, она што е заедничко за стилот на посетителите на Модната недела во Париз е тоа што најголемиот дел од нив во воите модерни комбинации задолжително ги имплементираа патиките.

Се носат патики од комерцијални и луксузни брендови, во комбинација со спортски, но и елегантни парчиња. На нив стои потпис на Валентино, Шанел, Луј Витон, Конверс, Ванс...

Несомнено, патиките имаат култен статус во уличната мода.

 

 

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
278 пати