Плетени модни додатоци како шик надополнување на летниот изглед

5 јуни 2018

Познатата актерка и пејачка Џејн Биркин своевремено ја популаризираше плетената чанта налик на корпа, што во актуелниот моден свет, во својата модерзирана верзија е едно од најпопуларните парчиња меѓу модните додатоци.

Но, покрај плетените чанти, летово воопшто се актулни плетените аксесоари, а овој тренд се наметна и во ентериерното уредување.

Еспададрилите и сандалите со плетена платформа се меѓу најизвиканите летни тенденции, па така ќе може лесно да ги комплетирате со омилените мини плетени чанти со кратка рачка или со такви што се носат преку рамо.

Овој тренд на плетени модни додатоци е совршено надополнување на актуелните модни тенденции што го носат слободниот дух на 70-те години, па лесно ќе ги имплементирате со транспарентните кафтани на плажа или со џинс килоти за во град.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
5 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
517 пати