Подгответе се: Тренди чизми за претстојната сезона

13 септември 2013

Дождливото време и раната есен не натераа да почнеме да мислиме на нашите чизми за оваа сезона уште сега. Последните трендови велат дека омилени меѓу девојките оваа есен и зима ќе бидат шик чизмите до колена во различни дезени и од различни материјали и бои.

Ваквите секси, а истовремено и класични обувки ќе направат да се чувствувате грациозно во секоја комбинација, без разлика на тоа дали ќе одберете панталони или пак некое здолниште или фустан.

Во случај да не сте голем љубител на чизмите до колена, оваа сезона тие ќе бидат апсолутен хит, па обидете се да си купите барем еден пар и носете ги со вашите омилени тесни фармерки.

Погледнете ги овие супер шик чизми за претстојната сезона, па можеби ќе добиете некаква идеја пред да заминете на шопинг.

Она што е сигурно е дека без разлика на тоа кој модел и да го одберете, никако нема да погрешите.

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци