Добро познато е дека чевлите се слабата точка речиси на секоја жена. Некои се колекционери и располагаат со стотици чифта, додека други можат да си ги задоволат само основните потреби. Без разлика во која група сме, сите се радуваме на нови чевли.

Честопати зборуваме за трендовите што се актуелни или следат, но овој пат ќе се осврнеме на трендовите низ годините.

Во галеријата погоре имате можност да видите како формата на чевлите и потпетиците се менувала низ годините.

Сепак, приказната за овој омилен моден додаток датира уште од 1500-тата година во Египет, каде се носеле потпетици, но вистинскиот тренд започнува во текот на 16-тиот век.

Чевлите со платформа со назив – „Чопини“, ги носеле проститутките во Венеција, за дополнителен секси изглед. Но, многу бргу овие високи потпетици стануваа популарни и меѓу аристократите, особено поради можноста да ги сочуваат здолништата или фустаните од валкање.

Во периодот помеѓу 1600 и 1700-тата година, чевлите на потпетици биле посебно популарни меѓу мажите.  И Луј XIV (лево) бил обожавател на истите, за кои верувал дека нема потреба да бидат практични или лесни за носење.

Во викторијанскиот период пак, чизмите со потпетици биле прв избор на елегантните дами. Честопати биле и со копчиња, иако ретко кога и можеле да се видат под долгите здолништа.

Но, со почетокот на 1900-тата, работите почнуваат да се менуваат и кај облеката, но и кај чевлите со високи потпетици.

На пример, во 1921-тата година, доколку чевлите биле премногу едноставни, под колената се носеле и декоративни ластици за да се збогати изгледот на нога.

1921

Во оваа иста декада започнува и трендот на сјајните сатенски чевли на потпетица. Ништо помалку интересни не се ниту оние изработени од брокат.

1923

Кон крајот на декадата, се појавуваат и првите повисоки, „дебели“ потпетици.

1929

Колекционерите за кои зборувавме претходно, постоеле дури и во текот на 1930-тите. Во 1938 година се случува историски момент во индустријата за чевли, а тоа благодарение на Салваторе Ферагамо.

Имено, таа година тој ги дизајнира обувките на висока платформа во боите на виножитото за актерката Џуди Гарланд, кои подоцна ќе доживеат повеќе трансформации, а особено во 1970-тите. 

1938 - Ферагамо

А кога сме кај платоформата, иако и денес се популарни, првото појавување на ваквите обувки се случува токму во 1939 година.

Со почетокот на 1940-тите, почнува и производството на обувки на висока потпетица со ременчиња, односно на сандалите. Панделките се чест украс, а во 1947 година, Салваторе Ферагамо прави уште еден пресврт создавајќи ја неговата „Невидлива потпетица“

1947 - Ферагамо - невидливата потпетица

Акцент на женственоста се става и во текот на 1950-тите. Ава Гарднер се појави во чевли со висока потпетица  ременче околу глуждот, што беа вистински бум, а и Мерилин Монро ги популаризираше транспарентните потпетици.

Ава Гарднер

Мерилин Монро

Не може да не се споменат и чевлите со пеперутки што ги дизајнираше Роџер Вивер за „Диор“, а кои исто така, добија свое место и во декадите што следат.

Следната декада, 1960-тите се време кога чевлите мораа да бидат во иста нијанса со облеката.

1964

Во 1960-тите Твиги носеше металик чевли, што ќе ги гледаме и две децении подоцна, а кон крајот на оваа декада повторно се појавуваат платформите, како најава за „слободните“ 1970-ти.

1968

Џејн Биркин во 1973 година ги носеше секси црвените чевли на платформа, а во истава декада се појавија и чевлите на врзување, особено актуелни и денес.

1973 - Џејн Биркин

Кон крајот на 1970-тите, поточно во 1977 се појавија и чевлите со диско-гламур, најавувајќи ја диско ерата во 1980т-тите. Но, крајот на оваа декада го означија и црвените чевли со панделка на Ферагамо, како и трендот на ПВЦ облека и обувки.

1978 - Ферагамо

1979 - ПВЦ тренд

Со почетокот на 1980-тите, почнува и ерата на неонските обувки, како и принтовите. Ако претходно требаше да се усогласат боите на чевлите и облеката, сега требаше да сѐ усогласи целиот изглед, односно и принтовите.

1981 - Лајза Минели во неонски чевли

Принцезата Дајана беше успешна во изнесување на овој тренд, кој продолжи и во почетокот на 1990-тите.

Ако мислевте дека платформите од 1970-тите се високи, тогаш дефинитивно не сте ги виделе оние што Вивиен Вествуд ги презентираше во 1993 година, кои не можеше да ги изнесе ниту Наоми Кембел.

1993 - Наоми Кембел

А во модниот свет се случи револуција на ова поле и со спојувањето на Кејт Мос и Келвин Клајн во промоцијата на минималистичките сандали, можеби и најдоброто нешто до 1990-тите.

1999 - Кејт Мос за „Келвин Клајн“

Со доаѓањето на 2000-тата, на модната сцена дојдоа и шпицестите обувки на висока потпетица, што се носеа речиси на сѐ. Но, оваа декада ќе ја одбележи појавувањето на моделите на Маноло Бланик, особено со помош на „Сексот и градот“ и Кери Бредшо. Во 2008 година сите невести ги посакуваа сините сатенски чевли од овој дизајнер, како „нешто сино“ што би го носеле на денот на свадбата.

2008 - Маноло

Но, Маноло добива конкуренција и тоа од Кристијан Лубутан, кој следната година ги лансира црните стилето чевли со црвен ѓон.

2009 - омилените Лубутанки

Во последните пет години, дел од најпосакуваните обувки беа оние без потпетица. Поточно, во 2012 година на ова поле царуваа патиките на Изабел Марант, кои доживеаја и бројни копии.

Но, ништо помалку посакувани и обожувани не беше ниту моделот Rosckstud, од модната куќа „Валентино“.

Оваа сезона повторно се враќаме кон „дебелите“ потпетици и кадифето. 

Објавено:
29 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.519 пати
Извор: 
Harper's Bazaar