Британскиот модел и „it“ девојка, 28 – годишната Попи Делевињ, е новото заштитно лице на луксузниот швајцарски бренд Шопард. На фотографските кадри кои ги „улови“ француската модна илустраторка, фотограф за улична мода и блогерка,  Гаранс Доре, Попи носи елегантна колекција дијаманти насловена „Happy Diamonds“.

„Сакавме на фотографиите да го претставиме секојдневието на жените, во овој случај на Попи, бидејќи сметам дека „Happy Diamonds“ е навистина дел од животот на секоја жена“, вели Гаранс Доре.

Лежерните и комфорни комбинации во пастелни и светли бои ги стилизираше Диана Лант.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци