Посакувано парче: Чанта во карамела нијанса

27 август 2018

Кафените нијанси некако се прва асоцијација на есен. Дури и да не следите модни трендови, не е тешко да се погоди дека топлите тонови ќе го најдат своето место на есенската листа.

Тоа важи за сите сегменти од модната индустрија. Сепак, овој пат фокусот го ставаме на чантите. Ако планирате да се подновите со нова чанта за претстојната сезона, а притоа сакате да биде тренди, но истовремено и безвременско парче, нека биде чанта во карамела нијанса.

Светски познатите брендови веќе дадоа своја интерпретација на споменатиот тренд. Не е важно дали ќе одберете чанта во форма на круг, трапез, или коцка, или пак можеби ранче, одберете нешто што прикладно на вашиот естетски сензибилитет, но нека биде во оваа топла нијанса.

Сигурни сме дека овој тренд, кој за волја на вистината и не е некоја нова тенденција, сепак ќе има бројни следбеници, бидејќи е нијансата е одлична за комбинирање, па ќе може да се вклопи во вашиот изглед, без разлика каков стил негувате.

Ние во продолжение ви презентираме неколку предлози од познати брендови, а сигурни сме дека оваа боја ќе биде мошне застапена и на нашиот пазар:

 

 

 

A post shared by Chloé (@chloe) onAug 26, 2018 at 8:53am PDT

 

 

A post shared by Chloé (@chloe) onAug 18, 2018 at 11:00am PDT

 

 

A post shared by Chloé (@chloe) onMay 4, 2018 at 8:58am PDT

 

 

A post shared by LOEWE (@loewe) onJun 29, 2018 at 3:35am PDT

 

 

A post shared by LOEWE (@loewe) onJun 15, 2018 at 3:18am PDT

 

 

A post shared by Mulberry (@mulberryengland) onJul 10, 2018 at 8:33am PDT

 

 

 

 

A post shared by WANDLER (@wandler) onJul 8, 2018 at 8:35am PDT

 

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.276 пати