Имаме неколку стилски приоритети: сакаме да изгледаме шик, но истовремено сакаме да бидеме и практични.

Чевлите со т.н блок-потпетица се совршен пресек на елеганција и функционалност. Токму затоа нивната актуелност во светот на модата останува и оваа сезона. Дамите од модните кругови обожуваат да ги носат затоа што се префинети, женствени, а истовремено неверојатно удобни што е вистински бенефит.

Покрај кломпите на дебела, односно блок-потпетица, сезонава изборот се проширува и на чевли на врзување, отворени сандали, чевли со шпицест врв, како и моделите на класични салонки.

Во продолжение погледнете дел од новите модели од светските луксузни, но и „high street" брендови.

 

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.334 пати