Предимензиониран шал во секоја зимска комбинација

19 декември 2017

Слоевитото облекување, особено популарно во зимскиот период, подразбира еден заеднички сегмент – предимензионираниот, топол зимски шал.

Независно каков е вашиот личен стил или за која намена сте се облекле, во зима секој од нас има еден омилен дебел шал што обожуваме да го комбинираме во различни варијанти.

Богатата понуда на „oversized" шалови за оваа сезона кај речиси сите брендови, го потврдува фактот дека тенденцијата на овој задолжителен моден додаток, продолжува и зимава.

Актуелни се карираните и пепито дезени, но и безвременските монохроматски шалови што лесно може да ги комбинирате со остатокот од зимските парчиња во вашиот гардеробер.

Фото извор: Instagram, Pinterest

Објавено:
19 декември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.827 пати