Привлечна и удобна пролетна колекција на Women'secret

3 април 2019

Wonen'secret ни носи романтична, возбудлива, а истовремено удобна пролет...

НАЈУБАВАТА ТАНТЕЛА НА СВЕТОТ

Долна облека со индиски принтови и преубава тантела со многу детали за свеж, природен изглед. Новитет се градниците без полнење со цветни и геометриски дезени, одлични за да се чувствувате привлечно што и да носите на себе.

Women'secret оваа сезона нуди и широки, релаксирани панталони за бохо изглед. Тие се дополнети со детали во бордо и зелена боја, а лесно се комбинираат и се соодветни за многу различни прилики.

ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ

Пролетта е во полн ек, заедно со колекцијата на Women'secret која изобилува со цветови – кралиците на оваа сезона. Лесни и удобни парчиња со цветни принтови кои нè пренесуваат директно во природата.
Колекцијата вклучува и неколку ноќници и различни видови на панталони, соодветни за сечиј стил и градба. Она што би издвоиле се класичните градници со широк ластик и пораб од тантела во сиво-сини и маслинесто зелени тонови.

 

Објавено:
3 април 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
375 пати