Пролет во знакот на елеганцијата со чантите на Парфоа

5 февруари 2015

Она што е и повеќе од факт, е тоа дека на секоја девојка најтешко и е да одолее на нова чанта! Без разлика на поводот, буквално секоја девојка на светот чантата на подарок ќе ја прими со широка насмевка и секогаш без размислување.

Португалскиот бренд Парфоа оваа пролет ја прави уште поубава со новите модели на чанти што неодамна беа поставени на нивната веб страница.

Како и секогаш, така и во оваа колекција ќе се пронајде буквално секоја девојка. Од нивната понуда, можете да одберете модерни чанти за секој ден, но и малку поелегантни во кои ќе соберете сѐ што ви е потребно.

Дел од нивната понуда се и новите, омилени чанти на трендсетерките ширум светот, што ќе бидат вистински хит претстојната сезона. Брендот предлага токму таков модел во црвена боја, но и еден таков во две нијанси на беж со шик приврзок.

Доколку сакате цветни и животински принтови, португалскиот бренд нуди токму такви во неколку бои и дезени што можете да ги комбинирате со едноставно пролетно фустанче и шик накит.

Во продолжение, погледнете дел од понудата на Парфоа во чии модели сме сигурни дека ќе се заљубите!

Објавено:
5 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци