Во пресрет на пролетната сезона, помеѓу оние ултимативни трендови што ќе доминираат се флоралните принтови, што впрочем и не е никакво изненадување со оглед на тоа дека веќе неколку сезони се омилени кај светските дизајнери.

Оваа сезона цветни принтови ќе бидат аплицирани букавлно на секое парче во гардероберот на секоја тренди девојка. Чевлите не само што нема да бидат исклучок, туку ќе бидат и меѓу највпечатливите модни додатоци со флорален принт.

Омилените мокасинки, чизми до глужд како и елегантни чевли на ниска потпетица, оваа пролет ќе бидат со колоритен, впечатлив цветен дезен и сами по себе ќе бидат доволно впечатливи и во наједноставниот, минималистички аутфит.

Во продолжение ви посочуваме неколку шик примери како модните блогерки чевлите со флорален принт ги имплементираат во своите стајлинзи.

 

Објавено:
6 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.199 пати