Пролетен тренд – Омилените обетки на Шаде

1 февруари 2018

Обетките во форма на круг се едни од најпопуларните, особено во диско ерата во 1980-тите, но со зголемени димензии и во 1990-тите, па и 2000-тата. Светските модни магазини велат дека овој тренд повторно се враќа и тоа во онаа форма во која ги носеше на пример уникатната Шаде Аду.

Ако се навратите на нејзиниот стил ќе видите дека обетки во форма на широки кругови се нејзините омилени.

Во контекст на тоа говори и податокот дека постои модел дизајниран и именуван токму по неа – „Sade Hoops“, а зад кој се потпишува Мелоди Ашани.

Џенифер Лопез, Џенифер Анистон, Алиша Кис се само дел од познатите што веќе одамна не се откажуваат од овие обетки..

Уличните брендови веќе ги вклучија во својата понуда, а во продолжение ви даваме предлози кои ќе ве инспирираат да побарате слични низ нашите продавници:

 

 

Објавено:
1 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
738 пати
Извор: 
Buro 24/7.ru