Шпанската актерка Пенелопе Круз и нејзината сестра Моника ја продолжија соработката со италијанскиот бренд Карписа и конечно ја претставија новата колекција чанти за оваа пролет.

Нивната нова колекција за следната сезона нѝ носи софистицирани чанти совршени за надополнување на секој ваш изглед, без разлика дали станува збор за комбинациите за на работа или пак за вашите вечерни излегувања.

Креативните сестри нѝ нудат неколку различни мини и малку поголеми модели чанти во прекрасни пролетни бои меѓу кои и сина, портокалова, крем и секогаш елегантната црна.

Еден од најубавите модели е дефинитивно нивната мини чантичка во црна боја со неодоливи бели точки по површината која изгледа толку ретро и софистицирано.

Во галеријата погоре, погледнете ги сите модели од новата колекција на прекрасната актерка и нејзината сестра.

 

Објавено:
22 март 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.553 пати