Пролетни чизми до глужд – практичен избор за преодната сезона

10 март 2018

Овој меѓусезонски период, честопати имаме проблем да одлучиме каков тип на чевли да одбереме, со оглед на променливото време.

Длабоките зимски чизми полека ги пакуваме, а отстапуваме простор за пролетните чевли.

Но, најсигурен и најпрактичен избор за преминот од зима во пролет, се чизмите до глужд.

Нивниот дизајн варира од чизми до глужд на дебела и средно висока потпетица, еднобојни или со принтови, до такви што се полуотворени и може да се носат и во доцна пролет и лето.

Она што е дополнителна предност, е што овој тип на чизми лесно се комбинираат па може да ги носите со џинс, класични панталони, здолништа или фустани...

Објавено:
10 март 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.171 пати
Тагови: 
чизми до глужд