Geox ja дочекува пролетта со линија чевли во која се претопуваат удобноста, убавината и функционалноста. Линија која со помош на развиена технологија, овозможува чевли кои се пријатни и модерни, а во себе имаат вплотено креативност, леснотија и флексибилност.

За пролет/лето 2017 Geox нуди модели кои се впечатливи и прилагодливи за секоја прилика – за чекорење низ урбаната џунгла, класични настани, спортски денови и гламурозни вечери.

Од колекцијата издвојуваме неколку носечки модели:

БОИТЕ НА МОДАТА

Сандали кои ја реинтерпретираат урбаната елеганција преку комбинација на драматични бои – интензивна сина, портокалова, жолта и розова. Направени од превртена кожа, овие чевли следат елегантна и модерна линија со широка, удобна потпетица.

Перфорираниот ѓон со мемориска пена е лесен и флексибилен и е совршено надополнување на патентираната технологија на Geox и врвниот дизајн.

 

РЕТРО СТИЛ

Женствени чевли со иновативна комбинација на различни материјали во исти тонови - кожа, превртена кожа и технички меш, вкомпонирани во оригинален дизајн.

За апсолутна удобност, класичната елеганција е збогатена со модерни елементи, додека пак Geox системот, кој овозможува стопалата да дишат, е интегриран во надорешниот ѓон и практични внатрешни влошки кои лесно се отстрануваат.

 

NEBULA

Култниот Nebula дизајн за оваа сезона истражува нови интензивни бои кои ги истакнуваат динамичните и спортски елементи од секојдневието, преку технички софистицирани материјали. Nebula е израз на филозофијата на Geox за ултимативно чувство на удобност кое се комбинира со перформансот по највисоки стандарди издржливост, леснотија и флексибилност – вистинско доживување на одење по облаци.

Колекцијата е дополнета со уште многу актрактивни модели на чевли кои ќе ги направат пролетните и летните денови модерни, разнобојни и лесни, кои можете да ги видите во галеријата во продолжение:


Покрај обувките, Goex ги презентираат и јакните кои се направени со употреба на врвна технологија исто така се дел од богатиот избор за сезоната која со нетрпение ја очекуваме.

Погледнете ги и нив во продолжение:

Објавено:
22 февруари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.665 пати