Првиот мирис на летото го носи колекцијата „Under the sea“ во Parfois

26 април 2017

Колекција инспирирана од морето и животот во него, каде главните парчиња се брошеви кои може да се искористат на многу различни начини. Parfois повторно се стреми да инспирира презентирајќи моден предизвик за комбинирање на овие шармантни модни додатоци во уникатен изглед.

Риби во различни големини, ракчиња, морски камења во корални и зеленкасти тонови ја поставуваат основата за оваа забавна, разнобојна и разиграна колекција. Брошевите одлично одговараат на клучните летни парчиња како еспадрили, маички, сламени капи и чанти, но и со посвечените комбинации каде деталите уште повеќе доаѓаат до израз.

"Under the sea" не запира овде. Во колекцијата се вклучени и додатоци за коса во повеќе форми со украсни камчиња во различни нијанси на сина боја со златни.

Ова е колекција која е полна со боја, каде црвените тонови се доминантни, а се збогатени со монистри и бисерни камчиња, додека пак самите парчиња овозможуваат креирање на повеќе различни и единствени комбинации.

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
398 пати