Пума и Барби ги создадоа најстилските патики за оваа сезона

3 април 2019

Ако минатите неколку сезони вистински хит од брендот беа познатите „Suede“ патики со панделка, оваа сезона Пума освојува со нов модел.

По повод 60 – тиот роденден на култната Барби, компанијата потпиша договор за соработка со брендот и создадоа нов модел патики кој неодоливо нè враќа назад во 90 – тите.

Како што велат од компанијата, патиките ќе бидат омилени поради неколку причини, а прва на списокот е удобноста.

Покрај тоа, истите доаѓаат во неколку совршени пролетни бои каде преовладува розовата, а изработени се од квалитетна кожа и имаат разигран дизајн.

Овие патики за кратко време станаа едни од најпосакуваните, а одлични се и бидејќи можете да ги комбинирате со многу парчиња меѓу кои и летни фустанчиња, џинс и маички, па дури и стилски костими за кул изглед.

Интересни се и бидејќи на едната патика го има логото на Барби, додека на другата логото на Пума, а заедно прават навистина шик целина.

Овој модел веќе може да се нарача онлајн на страната на Пума по цена од околу 100 евра, а ако сакате да го купите во нивните продавници ќе мора да почекате уште малку.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
3 април 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.553 пати