Одбирајќи ги идеалните комбинации за новогодишната ноќ, речиси секогаш сакаме да ги комплетираме со чевли со висока потпетица. Но, тоа воопшто не треба да биде правило.

Доколку носите елегантен и свечен фустан тоа не подразбира дека задолжително мора да носите високи потпетици, туку истиот ќе биде совршен и на соодветни рамни чевли.

Бидејќи се рамни, истите мора да бидат украсени малку повеќе, односно или да бидат светкави или да имаат некое интересно ремче и соодветни украси.

Најубавите рамни чевли оваа сезона ги имаат светските брендови како Долче и Габана, Џими Чу, Аквазура, Лубутан и многу други, а сосема одлична понуда имаат и нашите омилени high street брендови меѓу кои и H & M и многу други.

Најпопуларни за оваа празнична сезона се балетанките во златна боја со светки, елегантните црни во кадифено издание, но и неодоливите црвени со ремче на слатко закопчување.

Во галеријата погоре, погледнете ги најубавите балетанки за оваа Нова година и одберете си еден чифт доколку се изморивте од потпетици!

Објавено:
14 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.692 пати