Конечно е време да почнеме да ги пакуваме чизмите и да им се радуваме на рамните чевли – предвеснички на пролетта. Доколку сите оние со кои се снабдивте минатата сезона повеќе не ви се допаѓаат, сега е вистинското време да го обновите плакарот.

Со оглед на тоа што во голем дел од новите колекции на дизајнерите од модните недели во Лондон, Милано и Париз беа прикажани многу повеќе рамни чевли отколку на потпетици, повеќе од јасно е дека тие ќе владеат на улиците оваа пролет.

Инспирирана од бајките, каде очигледно, принцезите не носеле потпетици, беше и колекцијата на Долче и Габана каде можевме да видиме комбинација на софистицираност и гламур комбинирани со тотално рамни чевли што одлично се вклопуваа во целата слика.

Рамни чевли за следната сезона ни нудат и Кензо, Александар Меквин, Клое, Џузепе Ѕаноти, но истите ни ги препорачуваат и светските трендсетерки како Алекса Чанг и Оливија Палермо кои се појавија во тренди балетанки на дури неколку модни ревии.

Тие успешно ги комбинираа нивните балетанки или оксфордки со тесни панталони, здолништа, фустанчиња, па дури и капути со кои изгледаа одлично. Доколку се двоумите дали на свечениот, вечерен фустан да му додадете доза тренди урбаност, задолжително облечете си рамни чевли што тотално му одговараат.

Во продолжение погледнете неколку модели од кои веруваме дека ќе се инспирирате за пролетен шопинг.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци