elle-01-heels-h-lgn

Ви се случило повеќе пати да отидете во продавница за чевли и да го пробате чевли од бројот што вообичаено го носите, но сепак чевлите да ви се мали? Според најновите истражувања, речиси сите носиме погрешен број чевли и тоа помал.

Според експертите, големината на стопало во текот на животот може да се смени толку незабележително и по малку, што може да го објасни фактот зошто сега не можете да ги облечете чевлите што сте ги купиле пред 10 години, на пример. Несоодветната големина може да предизвика големи и болни проблеми...

Генерално, просечната големина на чевли од 1960-тите се смени за два броја, а дизајнерите и продавачите го забележуваат ефектот. Стјуарт Вајцман за „Wall Street Journal“ изјави дека неговата компанија  најчесто произведувала чевли со просечна големина 38, по што ја зголемиле на 39, а сега одат дури до 42-43, со цел да ја задоволат зголемената побарувачка за овие броеви.

women-shoes-423293 (1)

Ако сте меѓу оние што носат големи броеви, не се грижете, не сте сами. Дури половина од жените и една третина од мажите признаваат дека кога ќе купат чевли не им соодветствуваат најдобро.Така, ако порано големината 38 значела 38 во сите продавници, сега веќе и да не знаеме кој број на челви носиме.

Солуција? За жал, освен да бидете со очи широко отворени при купувањето, засега друга нема. Честоапти се случува бројот на чевли да варира од еден бренд до друг, па дури и во рамки на ист бренд кај различни модели и тоа е нешто на што купувачите треба да се навикнат. Ова не е среќна вест, ниту среќно решение, особено за нашите купувачи кои што не само што се сретнуваат со овој проблем, туку немаат ни можност да бираат, бидејќи понудата на броевите над 40 за жени е многу мала.

high-heel-shoes-women

Сите овие проблеми се повеќе од доволен показател дека индустријата за чевли серизоно треба да поработи на изнајдување среќни решенија, со што бројот на задоволни купувачи значително би се зголемил.

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци