Иако летото е при крај, се чини како штотуку да почна. Ако сè уште не сте заминале на годишен одмор, тогаш ова е супер текст од кој ќе можете да се инспирирате за шопингот за костими за капење.

Бразилскиот бренд Clube Bossa има одлични парчиња кои девојките ги обожаваат, но нивните костими за капење се нешто навистина посебно.

Истите ги создава одличниот дизајнер Гилермо Виеира, кој од сезона во сезона нуди романтични и нежни парчиња во ретро стил.

Девојките неговите креации ги опишуваат како софистицирани, елегантни и безвременски, за разлика од другите бразилски брендови кои поголем акцент ставаат на разголените парчиња.

Она што е интересно е дека дизајнерот е дипломиран економист кој работел во компанија која се занимавала со извоз на костими за капење од Бразил.

Откако поминал четири години во компанијата и го научил бизнисот, решил сам да основа бизнис, а судејќи по популарноста, неговиот план дефинитивно успеал.

Во галеријата погледнете некои од највпечатливите костими на брендот и одберете го вашиот фаворит.

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
13 август 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
395 пати