Моделите кои беа популарни во текот на 50-тите и 60-тите години повторно се враќаат на модната сцена. Доколку сакате да го истакнете струкот и градите, тогаш овие винтиџ модели се адекватни во однос на фактот дека станува збор за костим за капење со висок струк.  Некои од најпознатите модни икони на минатиот век се прославиле токму со ваквиот ретро модел на костим за капење, а за кои точно станува збор погледнете во продолжение.

Моделот кој го носи Мерилин Монро е елегантен, дводелен во бела нијанса.

Женствен изглед според примерот на Фара Фосет со кадрава коса и едноделен костим за капење во црвена нијанса.

Француската старлета Брижит Бардо изгледа сензуално во дводелен костим за капење со цветен принт.

Беспрекорниот стил на Грејс Кели нема замерки дури и во моделот на капење, односно бел едноделен модел во форма на корсет

За љубителите на животинскиот принт, го препорачуваме едноделниот костим за капење според примерот на Елизабет Тејлор.

Костимите за капење со пруги се идеални за визуелно покрупен изглед, особено доколку сакате да го истакнете горниот дел, по примерот на Натали Вуд.

Ретро стилот според примерот на Џејн Мансфилд вклучува геометриски принт за добивање на делумен бохо стил

Костимот за капење кој го носи Дорис Деј во впечатлива розова нијанса е одличен за истакнување на телесната структура, а во него сигурно ќе се заљубат сите оние дами кои сакаат да ја истакнат романтичната страна, па дури и кога станува збор за модел на костим за капење.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци